Бојана Поповиќ, селекторот на женската репрезентација на Црна Гора го објави списокот на ракометарки од кои ќе биде селектиран тимот што ќе игра против Македонија на 7 и 10 октомври во рамките на ЕХФ Еуро Куп натпреварувањето.
Во црногорскиот состав недостасуваат Јауковиќ и Џаферовиќ поради повреди.
Поповиќ се одлучи со проверени сили да допатува во Скопје на 7. октомври. Меѓу нив и поранешната „вардарка“ Јованка Радичевиќ.
Голмани: Марина Рајчиќ (Кастамону, ТУР), Марта Батиновиќ (Глорија, РОМ), Анастасија Бабовиќ (Будуќност), Љубица Ненезиќ (Глорија Бузау, РОМ)
Пивоти: Татјана Брновиќ (Будуќност), Ема Рамусовиќ (ЧСМ, РОМ), Николина Вукчевиќ (Будуќност)
Крила: Јованка Радичевиќ (Кастамону, ТУР), Мајда Мехмедовиќ (Кастамону, ТУР), Дијана Мугоша (Подравка, ХРВ), Ивона Павичевиќ (Будуќност), Дијана Ујкиќ (Бург де Пеж, ФРА), Нина Булатовиќ (Будуќност)
Бекови: Матеја Плетикосиќ (Будуќност), Итана Грбиќ (ФТЦ; УНГ), Милена Раичевиќ (Кастамону, ТУР), Јелена Деспотовиќ (Ѓер, УНГ), Тања Ашанин (Мошонмаѓаровар, УНГ), Наташа Чоровиќ (Будуќност), Ѓурѓина Маловиќ (Тулон, ФРА)
Селектор: Бојана Поповиќ