Некогашниот фудбалер, но и тренер на Вардар, Бобан Бабунски, повторно во старото јато, во тимот на „црвено-црните“.
Бабунски се враќа во тимот и најпрво ќе ги води младинците на Вардар.
Бабунски беше дел од првиот тим на Вардар во 2018 година, но неговата авантура во „црвено-црните“ траеше кратко и подоцна беше сменет по поразот од Пјуник во Ереван во Лигата на Европа, и на неговото место дојде Александар Васоски.
Во минатото тој беше тренер на Работнички, а беше и асистент во А селекцијата на Македонија, како и селектор на репрезентацијата до 21 година.