Со голот на некогашниот младински репрезентативец Алекса Амановиќ, Тобол славеше на гостински терен над Атирау, и му се доближи на тимот на Астана на само еден бод на чело на табелата.
Амановиќ погоди во 18. минута од средбата, и тоа беше единствен гол на натпреварот, со кој Тобол освојува важни три бода.
Иако игра како дефанзивец, ова е трет гол за Македонецот во првенството на Казахстан.