По три порази, Македонија конечно победи

117

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, по три последователни неуспеси, конечно забележа победа на тековниот Европски шампионат Б дивизија.

Нашите млади кошаркари беа поуспешни од селекцијата на Шведска со 69:60, со што е обезбеден дуел за пласман од деветтото до 16. место.

Првиот дел од мечот беше изедначен, но во второто полувреме Македонија одигра на потребното ниво и забележа добар триумф.

Македонија го имаше клучниот момент во третата четвртина кога направи 10:0 серија по што не го испушти водството.

Број еден поединец кај нас беше Глигориј Ѓорѓевиќ кој забележа 17 поени, 11 асистенции и осум скока.

 

ПретходноИво Јанакиевски ќе игра во Словенија
СледноСите да одговорат за 53 дена: Инфантино ги „поткупува“ Федерациите со по 40 милиони долари?!