ПМФЛ 2. коло: Вардар и Шкендија на Арената на 09.08.2026 во 17:00 часот

251

Од Фудбалската Федерација на Македонија денеска ги објавија деталите околу датумите и сатниците на одигрување на мечевите од второто коло од домашниот ПМФЛ шампионат.

Истото се игра од 7, до 09.08.2026 година, што ќе рече дека мечевите се распоредени во три дена.

Главен акцент секако се става на големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија кое што е закажано за в недела на 09.08.2026 година со почеток во 17:00 часот.

Самото коло пак започнува два дена подоцна со дуелот Шкендија Арачиново – Силекс на 07.08.2026 во 17:00 часот, а овој дуел се игра на стадионот на Чаир каде што конечно се обезбедени ВАР услови.

Башкими и Тиквеш својот дуел го играат на 8 август, како и како и мечот Брегалница – Аресими дуел што се игра во Штип во вечерен термин од 19:00 часот.

Скопје и Струга ТЛ исто така својот меч го играат на 9 август на Автокоманда.

 

ПретходноКлубот му го продолжи договорот ама никој не знае каде и што прави!
СледноХаџиевски: Со тешко срце си заминувам од Варна