Се подготвува спектакл на Здравко Чолиќ но теренот во Битола е безбеден

714

Летниот период се знае дека секогаше резервиран за големи концетри низ градовите и тоа на отворено небо. Многу често домаќини на ваквите мега настани се Градските стадиони во случајов, „Петар Милошевски“ во Битола. Реновираниот фудбалски објект во последно време е доста букиран што од домаќинот ФК Пелистер, кој што заслужено доби и вечерни термини со инсталирањето на рефлекторите на стадионот, што од У21 репрезентацијата на Македонија која што како домаќин ги игра своите мечеви токму во Битола.

Сега, дојде време повторно на „Петар Милошевски“ да има спектакл но од уметнички карактер. Пристигнува музичката мега звезда Здравко Чолиќ чиј што концерт е закажан за 1 август.

Веќе денеска се подготвува се што е потребно за концертот, а тука секако се вклучува и специјалната подлога која што ќе го чува скапоцениот фудбалски терен на „Петар Милошевски“. Многу често ваквите настани знаат покрај профит да направат и штета на теренот на стадионите, а овојпат организаторот и тоа како сметаше на ова, па постави специјална подлога која што ќе го штити тревникот.

ПретходноПетровски: Сработеното на тренинг да даде плод на теренот во Тулчеа
СледноУЕФА прецизираше: Хиберниан – Шкендија на 06.08.2026 во 21:00 часот