Касемиро: Меси ми задавеше толку многу проблеми…

130

Бразилецот Касемиро по 13 години поминати во Европа, каде со голем успех играше за Порто, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, замина во САД и потпиша за Интер Мајами.

Така, 34-годишниот дефанзивен играч за врска, кој со Реал освои пет трофеи во Лигата на шампионите, стана соиграч со легендарниот Аргентинец Лионел Меси, за што зборуваше по дебито за Интер Мајами и победата над Монтреал од 1:0.

“Меси ми задаваше толку многу проблеми. Се разбира, сонував да играм со него. Отсекогаш сакав да бидам во ист тим со најдобрите. Никогаш не можев сам да го спречам. Секогаш ми требаше помош од моите соиграчи”, изјави Каземиро за “ESPN”.

Бразилецот го нарече Меси „богот на фудбалот“.

„Многу сум среќен што сум со него сега и сакам да продолжам да освојувам трофеи со него. Сакам да уживаме во играта заедно, да му помогнам и да придонесам за неговата големина. Тој е еден од боговите на фудбалот – ако не и самиот бог на фудбалот – и сакам да го поддржувам“, напиша Меси Касемиро.

ПретходноУлтиматум на Реал Мадрид до Винисиус: Потпиши или замини
СледноМакедонскиот стратег кој лани беше прогласен за тренер на годината – изненадно доби отказ!