Лука Петровски останува црвено-бел!

64

Работнички и натаму продолжува со реализација на зацртаното за новата сезона. Од клубот известија дека во составот ќе остане и Лука Петровски.


„КК Работнички АД Скопје со задоволство ја известува јавноста и сите љубители на клубот дека Лука Петровски го продолжи договорот и ќе ги брани боите на Работнички и во претстојната сезона.

Со својата пожртвуваност, борбеност, снаодливост и тимски дух, Лука претставува значаен дел од нашиот состав. Секогаш подготвен да го даде својот максимум на теренот, тој и во наредната сезона ќе биде дел од црвено-белото семејство.

Лука ја продолжува познатата и мошне успешна, повеќе генерациска, семејна лоза на Петровски во КК Работнички. Одлични кошаркари во Работнички беа и неговиот татко Слободан Петровски поранешен А-репрезентативец на Македонија (во младите категории на Работнички), кој е син на Цветан-Куко Петровски своевремено еден од најдобрите кошаркари на Работнички“, велат од Работнички. 

ПретходноДали ФИФА драстично го менува изгледот на следното Светско првенство?
СледноСлот ќе добие „непристојна“ понуда