Имаме нова интернационалка во Шпанија, Евгенија Вељановска е нов голман на Алавес

79

Македонскиот женски фудбал добива уште една интернационалка, во името на Евгенија Вељановска.

Голманката која што е родена 2009 година и има само 17 години направи екстра трансфер во екипата на шпански Алавес, и веќе го имаше и своето деби за новиот клуб. И тоа со „чиста мрежа“ во дуелот со Осасуна кој што е добиен со 2:0.

Ова секако дека е огромен чекор за младата чуварка на мрежата која што на време во кариерата заминува во сериозна фудбалска средина каде што ќе има вистински услови да напредува и да игра на далеку повисоко ниво.

 

ПретходноХанси Флик јавно потврди на кого не смета за следната сезона!(ФОТО)
СледноТотенхем е освојувач на Сиднеј купот