Ќерката на легендарниот тенисер живее на улица, а тој се откажа од неа

421

Светската тениска легенда Илија настасе повторно е дел од најчитаните текстови на светските медиуми.

И тоа поради приватниот живот секако. Сега веќе осудесетгодишниот легендарен романски тенисер, е тема на таблодиите поради неговата посвоена ќерка Шарлот Настасе.

Девојката родена 1990 година според она што се пишува во моментов живее на улица и моли за помош која што очигледно нема да ја добие, барем не од нејзиниот татко.

Имено, таа и Илија Настасе не се воопшто во добри односи пред се поради нејзиното однесување. Начинот на кој што се решила да заработува преку профил на платформата „OnlyFans“. Настасе нејзиното однесување не го одобрува и едноставно го прекинал секој контакт со неа.

„Таа има свој пат и нема да коментирам. Кога и беше потребно и помогнав. И платив школување од половина милион долари. Би ја замолил да прекине со скандалите. Таа живее во САД, јас во Романија. Искрено, не ме интересира повеќе што се случува со неа“ – рече Настасе во една прилика.

Инаку, кога сме веќе кај приватниот живот на романската легенда, тој во животот се женеше дури пет пати. Има пет деца со три од нив.

 

 

ПретходноМакедонија подобра од Исланд и ќе игра за 13. место против Велика Британија
СледноПромоција: Ова е новиот дрес на Е. Пелистер за следната сезона (ВИДЕО)