Наполи денеска го слави својот 100-ти роденден.
Во чест на годишнината на клубот, во градот е планирана голема празнична програма.
Навивачка парада ќе се одржи низ улиците на Неапол, а камбаните на 100 цркви ќе бијат истовремено. Исто така, ќе се одржи и церемонија на која ќе учествуваат легенди на клубот.
Илјадници бесплатни парчиња пица Маргарита ќе им бидат поделени на жителите и посетителите. Значајните места на Неапол ќе бидат осветлени во сина боја, а прославата ќе заврши со синхронизиран огномет.










