Пријателска: Струга ТЛ славеше на тестот со Охрид

183

Паузата во домашниот фудбалски шампионат денеска ја искористија и фудбалерите на Струга ТЛ и Охрид Лихнидос за да одиграат меѓусебен пријателски натпревар.

Прволигашот од Струга на крајот оствари очекувана победа со високи 3:1. Головите за победата на стружани ги постигнаа Диаките, Малески и Нухија.

За екипата на Струга ТЛ ова е одлична увертира пред она што ги очекува во 2. коло од ПМФЛ и дуелот со Скопје.

ПретходноПријателски: Пелистер подобар од Шкендија (А), Арсими сигурен против Тетекс
СледноМурињо со реми против Фиорентина