Далиќ повторно селектор: Хрватот има три опции за 5 милиони евра годишно!

232
фото: MugFPL @PandaNoComply (X)

Досегашниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, е на листата на кандидати за функцијата селектор на дури три репрезентации, објавија хрватските медиуми.
Според „Спортски новости“, најголем интерес покажале Обединетите Арапски Емирати, кои наводно му понудиле на Далиќ договор вреден околу 5.000.000 евра по сезона.
Истиот извор наведува дека за искусниот хрватски стручњак се заинтересирани и фудбалските асоцијации на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, кои бараат тренер со искуство во водење на репрезентации на најголемите меѓународни натпреварувања.
Во случај да прифати ново назначување, Далиќ би можел, според хрватскиот весник, да задржи дел од стручниот штаб со кој работел во хрватската репрезентација.
Далиќ ја предводеше хрватската репрезентација до сребрен медал на Светското првенство во Русија 2018, бронзен медал на Светското првенство во Катар 2022 и сребро на Лигата на нации 2023.

ПретходноМурињо е против: Нови моменти околу најавениот трансфер на Винисиус во Арсенал!
СледноШто се случува во ПЛ: Тотенхем го “краде“ еден од најдобрите играчи на Ливерпул?!