Салах до навивачите на Трабзонспор: Дали сте подготвени?

302

Мохамед Салах, кој се сели во Трабзонспор, симболично го облече дресот на својот нов клуб во авионот на пат кон Турција. 34-годишниот напаѓач ја избра понудата на тимот и пристигна со слободен трансфер од Ливерпул.

„Трабзон, дали сте подготвени? Ве слушам. Се гледаме многу наскоро“, им рече Салах на навивачите, додавајќи го слоганот на клубот „Каде и да сме, како да сме во Трабзон“ (Бизе хер јер Трабзон).

Мо слета во Истанбул напладне и ќе биде во Трабзон подоцна во текот на денот.

Салах ќе го носи дресот со број 61 за својот нов тим.

ПретходноМакедонија е подготвена за европската битка: Горди сме што играме во својата земја!
СледноФарски Острови е првата пречка на Македонија во битката за СП!