Екипата на Шкендија предмалку и официјално пристигна во Шкотска, каде што утре со почеток од 21:00 часот го игра првиот од двата дуела против домаќинот, Хиберниан, во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции.
Тетовци со чартер лет заминаа за Островот, каде што секако се пречекани на перфектен начин, како што е тоа и обичај кога станува збор за мечевите во Европа.

Шкендија посакува повторување на успехот од минатата сезона кога беше дел од групната фаза на ова натпреварување. Вечерва секако ќе го одржи и официјалниот тренинг пред утрешниот меч.










