Зејнулаи: Подготвени сме, иако тука временските услови со спротивни од Македонија

136

Екипата на Шкендија предмалку се стационираше во својата база во Шкотска, каде што утре со почеток од 21:00 часот го игра првиот дуел двомечот од третото коло од квалификациите за Лигата на Конференции против тимот на Хиберниан.

Капитенот Арбин Зејнулаи по пристигнувањето потенцираше дека многу е важно што екипата патуваше со чартер лет директно до конечната дестинација и дека временските услови кои се во Шкотска во моментов нема да влијаат премногу на тимот, иако истите се сосема спротивни од она што во моментов се случува во Македонија.

„Пристигнавме во Шкотска, позитивно е дека патувавме со чартер. Добро е што еден клуб што е како Шкендија, ни овозможи да патуваме до дестинацијата со чартер. Во очекување сме на првиот тренинг, видовме дека временските услови не се како во Македонија, но спремни сме. Шкендија секогаш оди на позитивен резултат, ни следи првата средба со Хибернијан. Мора да сме претпазливи, но секогаш играме на позитивен резултат. Момците се спремни, сите сме спремни и дај Боже на крај да дојдеме до целта која сите ја сакаме. Сметам дека првиот меч нема да реши ништо, туку реваншот во Скопје. Но ние концентрирани сме само на првиот дуел во Шкотска, да ги оствариме нашите замисли“, изјави Зејнулаи.

ПретходноЧаир дефинитивно нема да игра елитна кошарка следната сезона
СледноДејвид Греј: За да се победи Шкендија, мора да бидеме на нивото од лани кога го минавме Партизан