Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека ја коментираше идејата на Новак Ѓоковиќ за скратување на натпреварите. Ѓоковиќ предложи сетовите да се играат на четири гејмови, а не на шест, да се играат на три освоени сета и да нема гејмови со разлика кога резултатот е 40:40.
„Играв во овој формат на „Next Gen“ и имав добро искуство“, рече Фонсека, додавајќи:
„Затоа не можам да се жалам за тоа. Но, мислам дека Новак го предлага ова поради неговите физички способности. Тој старее“, вели Фонсека со насмевка.
Фонсека се повикува на традицијата и историјата.
„Не велам дека е добар или лош предлог. Но, тоа е класичен тенис, историја… Секогаш се играло на шест освоени гејмови и мислам дека тоа е важно“, истакнува Фонсека.
Некои тениски натпревари траат по неколку часа, па можеби би можеле да размислите да ги скратите за гледачите да не го губат „целиот ден“ пред телевизискиот екран.










