Стојановски пред дуелот со Исланд: „Ако го контролираме скокот, ќе го наметнеме нашиот ритам“

64

По убедливата победа над Кипар на стартот од шампионатот, избраниците на селекторот Дејан Стојановски посакуваат нов позитивен резултат и продолжување на успешниот почеток.

Во пресрет на натпреварот со Исланд, закажан за 18.30 часот, во салата „26.април“ во Гевгелија, Стојановски потенцира дека фокусот е целосно насочен кон следниот предизвик и дека клучот за успехот ќе биде контролата на скокот.

Веќе го анализираме следниот противник. Сакаме да го направиме и вториот чекор, односно да дојдеме до нова победа.

Исланд е репрезентација која игра со голема енергија и ќе мораме да бидеме подготвени за цврста борба, особено во скокот. Доколку успееме да го исконтролираме тој сегмент од играта, ќе можеме да го наметнеме нашиот ритам, да трчаме во транзиција и да играме брза кошарка, со повеќе отворени позиции за шут. Тоа е стилот на игра што сакаме да го прикажеме“, изјави селекторот Стојановски.

ПретходноБраво момци Македонци: Кадетите во драматичен финиш ја победија и Португалија!
СледноПретепан фудбалски судија!