КФМ со соопштение: Нема лиценци за ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци

126

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за лиценцирање, по спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, утврди дека во Првата лига – жени, условите за добивање лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27 не ги исполнија ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци.

Во текот на постапката, двата клуба беа навремено известени за констатираните недостатоци во доставената документација, како и за условите што требаше да ги исполнат за успешно завршување на постапката.

И покрај дадените насоки и оставениот рок за отстранување на утврдените недостатоци, клубовите не ги исполнија условите пропишани со Системот за лиценцирање.

Согласно донесената одлука на Комисијата за лиценцирање, на ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци не им е издадена лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27.

Кошаркарската федерација на Македонија останува доследна во спроведувањето на Системот за лиценцирање, со цел обезбедување транспарентност, финансиска дисциплина и исполнување на утврдените организациски и административни стандарди за учество во националните натпреварувања.

ПретходноУжасен гаф на коментаторот на РТС: Како Партизан да не е српски клуб!(ВИДЕО)
СледноКога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!