Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Љупче Дориев е во животна форма. На стартот на новиот шампионат во Узбекистан, напаѓачот за својот тим Согдиана во досегашните 16 кола, постигна фантастични 12 гола, а додаде и три асистенции.
Со што е убедливо најефикасниот играч во тамошната конкуренција. Дориев ама буквално на рамена го носи својот тим во досегашниот дел од шампионатот, а беше реализатор и на единствениот гол за својот тим на вчерашниот дуел против тимот на Андијан на домашен терен.
Токму поради тоа е и прогласен за играч на натпреварот што е сосема логично. Поради фантастичната форма во која што Дориев се наоѓа во моментов, тој направи и кам бек во националниот тим.










