Доминација на Мартин и во спринтот на “Силверстон“!

22
ФОТО:x.com/MotoGP

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше во спринт трката на Големата награда на Велика Британија, 12-то коло од овогодинешното Мото ГП првенство.Шпанецот со тоа ја заврши доминацијата на Дукати во спринтот на „Силверстоун“, каде што го забележа својот трет триумф на саботните трки оваа сезона.

Мартин водеше од почетокот до крајот, а Аи Огура од Тракхаус беше најблиску до него, две секунди зад него. На третото скалило на подиумот беше уште еден возач на Априлија, Марко Бецеки, кој ја скрши клучната коска при пад на „Заксенринг“ пред четири недели. Спринтот на „Силверстоун“ беше обележан и со лош настап на Марко Маркез, кој имаше проблем со задната гума, и по постојаниот пад во пласманот, заврши деветти. Бранителот на титулата беше подобар од Диого Мореира од ЛЦР Хонда за 27 илјадити во борбата за последниот поен.

Да кажеме дека претходно денеска Мартин победи и во квалификациите.

Утре од 14 часот е главната трка.

ПретходноЧурлинов со деби гол за Погон!
СледноРК Алкалоид со победа на првата контрола