Одлично, феноменално деби на Методи Максимов за Брегалница вечерва против Арсими во меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Прво некогашниот играч на Работнички и Шкендија, кој потоа имаше и интернационална кариера, му асистираше на Мартин Стојанов за 1:0 во 10.минута. Потоа во 28.минута самиот Максимов ја погоди мрежата на тимот на Арсими за 2:0 по првото полувреме.
Добри први 45 минути за штипјани кои се заканија уште во неколку наврати за поубедливо водство. Арсими преку Рамадани во 15.минута имаше голема шанса за израмнување.















