Легендарниот Сер Алекс Фергусон, во најновото интервју говореше за играчите кои не успеал да ги донесе на „Олд Трафорд“ за време на неговото водење на Манчестер Јунајтед.
Тој истакна дека најмногу жали за Пол Гаскоњ, кој иако му ветил на Ферги дека ќе дојде во Јунајтед, на крајот завршил во Тотенхем.
„Беше апсолутно фантастичен. Да го доведовме, мислам дека ќе имаше фантастична кариера. Не велам дека и вака не беше добра, но со нас би била уште подобра. Ни вети дека ќе потпише, и јас отидов на одмор. А, потоа добив повик и дознав дека потпишал за Тотенхем. Потпиша за нив затоа што на неговата мајка и купиле куќа за 80 илјади фунти. Не можев да верувам“, рече Фергусон.