Сите стојат простум, Ислами мести костобрани

1870

Во моментов на Арената Тодор Проески во Скопје во рамките од второто коло од новиот ПМФЛ шампионат, се игра големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија.

Уште не беше започнат мечот, а веќе забележавме несакан момент. При интонирањето на химната на Република Македонија, стандардна процедура пред стартот на секој меч од ПМФЛ шампионатот, интернационалецот од Косово, и член на Шкендија Дрилон Ислами, се дрзна да си ја поправа опремата наместо да стои простум како што е тоа правилно, етички и морално.

Да, не е химната на Косово, државата од каде што доаѓа Ислами, но и таму, како и секаде на светот, при интонирање на националното обележје мора да се стои мирно.

 

ПретходноРадост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)
СледноКузманоски со силна порака: Оваа генерација сега треба да биде во добри раце!