Без голови на ФФМ по првото полувреме на дуелот Скопје – Струга ТЛ, во меч од 2.коло во ПМФЛ.
Гостите далеку подобри, имаа неколку изгледни шанси, дури и 3-4 зицери. Просто несфатливо е како Струга ТЛ не успеа барем еднаш да ја затресе мрежата на „Пиратите“. Малески, Радески, Бојку во два наврати, Хамза, Воша двапати, па Диако, имаа шанси уште по првото полувреме го решат победникот на овој меч. Сепак искусниот Кристијан Наумовски, кој блескаше на голот на домашните, остана несовладан.
На другата страна Скопје во текот на цело време дефинзивно поставен, само еднаш домашните се заканија и тоа во 20.минута кога Папалиски од десно шутираше а гостинскиот голман Јовчевски одбрани.
И овој натпревар се игра по пеколно топло време, кое деновиве владее во нашата држава.















