Македонската кадетска репрезентација покажа дека има потенцијал и причина да веруваме дека од оваа генерација во иднина ќе произлезат кошаркари кои ќе го облечат сениорскиот дрес.
Избраниците на Дејан Стојановски се вратија од голема негатива против Швајцарија и ја запишаа втората победа на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје и во Гевгелија.
На дело го видовме квалитетот и потенцијалот кој го поседува Илијан Коневски, а тука во ова друштво е Александар Котевски. Веќе стандардно место имаат Дион Шабани и Александар Зунзуровски. Успехот е тимски, а се чини дека токму на оваа репрезентација ќе мора да се посвети многу внимание.
Нашите момци денеска го играат последниот натпревар од групната фаза, а за противник ја имаат селекцијата на Украина. Од нашиот табор посакуваат полни трибини во салата „26 април“ за печат на третото место кое води во разигрување за пласман од 9. до 16. место.
И двете репрезентации имаат по шест бода, па победникот ќе стартува од подобра позиција во продолжение на шампионатот.










