Навивачите на Борусија (Д) против промените во ЛШ: Фудбалот е за фановите, не е за милијарди евра!

563

Навивачите на Борусија Дортмунд на вечерашниот меч од 2. коло во ЛШ против екипата на Спортинг, излегоа со транспарент со кој јавно се спротивставија на најавените реформи во Лигата на шампионите.

Навивачите на германскиот гигант на трибините поставија транспарент со текст: „Стоп за реформите во Лигата на шампионите! Фудбалот е за милиони фанови, а не за милијарди евра!​​“

Навивачите протестираат против зголемувањето на бројот на учесници во Лигата на шампионите од 32 на 36 и напуштањето на групната фаза.

ПретходноНиколов стана првиот Македонец кој победил на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал
СледноНиколов од Мадрид за СПОРТМЕДИА: Ова е чудо, сон, историја!