Добри вести за шефот на стручниот штаб на Шкендија, Артим Положани пред вечерашниот реванш со Хиберниан во рамките на 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Имено Марко Ѓорѓиевски, Бојан Димоски и голманот Астрит Амзаи синоќа на последниот тренинг на Арената “Тодор Проески“ без проблеми тренираа, тоа значи дека заздравија од повредите и вечерва на нив ќе може да се смета.
Голманот Бабукар Гаје и натаму е повреден и тој и не ќе може и вечерва да биде во комбинација.
Тој е единствениот на кого Положани не ќе може да смета. Себастијан Спахиу пред неколку дена си замина од клубот, па така тој повеќе не е дел од Шкендија.










