Македонија во друштво на Малта, Естонија, Црна Гора, Сан Марино! И Андора и Гибралтар се подобри од нас

338

Заврши европската сезона 2026/27 за нашите клубови. По синоќешната елиминација на Шкендија во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, Македонија остана без претставник во Европа. Силекс несреќно беше елиминиран уште на стартот од Динамо Минск, Вардар беше очаен во квалификациите во ЛШ и ЛК, додека Шкендија рутински го мина првото коло, го мина и словенечки Браво во втората фаза, ама застана пред Хибернина од Шкотска.

Со ова Македонија, односно нашиот клупски фудбал е во друштво на Лихтенштајн, Молдавија, Белорусија, Малта, Естонија, Луксембург, Црна Гора, Велс и Сан Марино кои немаат екипи во плеј – офот.

Тоа значи дека Андора и Гибралтар со по еден претставник, е подобра од нас. Да не говориме за Албанија со два тима, Косово, Летонија, С.Ирска.

Тоа е тоа што би се рекло. Не дека Македонија односно мак – фудбалот секоја сезона имаше претставник во плеј – офот, но сепак оваа сезона се надевавме дека ќе биде подобро. И ќе успееме да освоиме што повеќе рејтинг поени. Но, ништо од тоа.

И сега пак се вртиме кон домашната сцена каде до мај следната сезона повторно ќе слушаме – одиме во битка за Еврпа.

Ах, таа Европа…

ПретходноСити знае што прави: Ги продава Родри и Реиндерс за да го донесе Енцо Фернандез!
СледноОфицијално: Македонија, Србија и Словенија заедно во кандидатура за организатори на ЕП 2034!