Уште еден неверојатен кам-бек: Македонија од минус 18 до победа против Унгарија

371
Фото: ФИБА

Македонската кадетска репрезентација дојде до победа против Унгарија од 95-76 и ќе се игра за 13-то место на Европското првенство Б Дивизија. Противник на кошаркарите ќе биде селекцијата на Бугарија.

Нашите кадети одиграа уште еден меч за паметење, бидејќи пред крајот на втората четвртина имаа негатива од 18 поени (33-51). Токму од овој момент Македонија полека, но сигурно почна да се враќа во игра.

Во третиот период „црвено-жолтите“ беа подобри со 33-15, момент што им донесе водство после долго време. На стартот на последната четвртина влегоа со резултат 69-68, а потоа ја превземаа контролата на резултатот. Во самиот финиш позитивата беше 86-72, доволна за помирен финиш.

Шабани запиша нов дабл-дабл од 24 поени и 11 скока, Котевски имаше 22 поени, додека Коневски 17.

ПретходноРоналдо се врати на тренинзите со нов имиџ по свадбата
СледноАрсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло (ВИДЕО)