Вардар ќе игра против ГРК Охрид во финалето на традиционалниот Струшки ракометен турнир, откако славеше против Бутел (36-23).
Избраниците на Иван Чушиќ без многу мака славеа над градскиот ривал Бутел предводен од вардаровата легенда Стојанче Стоилов. Победникот беше решен уште во првото полувреме (21-13).
Домаќинот Струга го освои второто место во својата група откако славеше во пресметката со Дубочица од Србија со минимални 28-27. Стружани имаа водство од два гола на паузата (14-12). На завршниот ден ќе играат во дуелот за третото место на овој традиционален турнир против екипата на Прилеп.










