Нов шок за шампионот: Дарко Велковски го менува Вардар за Бахреин!

1208

Од лошо во полошо во таборот на македонскиот првак. Заминува Дарко Велковски. Репрезентативниот стопер, ден по поразот од Струга Трим Лум, најави заминување од Вардар, со тоа што кариерата ќе ја продолжи во Бахреин. Стоперот прави трансфер во екипата на Ал Халдие, тим кој е вицепрвак на својата земја и кој го предводи тренерот Горан Томиќ.

Голем удар за актуелниот првак на земјава, кој се соочува со тектонски нарушувања, скандали, а еве сега и со заминувања. Не постои таму личност која може да го спречи актуелниот бродолом на екипата, кој настана поради еден човек – Миленко Неделковски.

Дарко Велковски беше најавен како големо засилување за екипата, стопер кој требаше да ги среди дефанзивните линии во клубот, кои не се на посакуваното ниво. Но, откако виде колку е часот во екипата и клубот, искусниот фудбалер ја прифати првата понуда и заминува од „црвено-црниот“ хаос.

Мислав Матиќ и Филип Најдовски сега остануваат како единствени алтернативи за стоперската позиција, а кои имаат одреден квалитет.

Битно, играчите со „комбинација“ си тераат по свое, а најновите скандали со Герсон Родригес доведоа до тотален колапс во клубот.

Одењето на Дарко Велковски денеска е само првото кое ќе се случи. Мора да има и радикални промени во менаџирањето на клубот, а потоа под итно да се најде сериозен тренер со комплетно нови асистенти.

ПретходноГатузо им се извини на навивачите после шокантната елиминација
СледноСабаленка откри како Ѓоковиќ ја убедил за мешани двојки: Ме молеше…