Александар Узуновски – Узун е прв гостин во серијалот на Вардар – „Љубовта наша голема“

86
РК Вардар подготви серијал посветен на своите фанови, кои со години ги бодрат „црвено-црните“ на секој натпревар. Во прва епизода гостин е Александар Узуновски – Узун, долгогодишен навивач кој се истакнува со својата редовност, поддршка и емоција со која го бодри Вардар на натпреварите.
„Ни претставува чест како клуб, овој серијал да го започнеме токму со него и неговите сеќавања поврзани со Вардар.
Вардар е наш заеднички, клуб кој заедно го градиме, приказна која заедно ја пишуваме, затоа сметаме дека во пресрет на сезоната во која не очекуваат многу битки е важно да се слушнат приказните и ставот на оние кои секогаш и безрезервно ни ја дават својата поддршка.
Во пораз и победа, за љубовта наша голема!
Купи сезонски билет и бодри го Вардар“, се вели во известувањето на РК Вардар.

ПретходноЧелзи постави неочекувано висока цена за Педро Нето
СледноВисок функционер на ФИФА јавно го критикуваше Инфантино и беше отпуштен