Прво Јован Александровски, а потоа и Александар Костоски и официјално вечерва се претставени како нови играчи на КК Соколи.
Поранешниот македонски репрезентативец – Александар Костоски се чини дека е вистинско ново засилување!
Искусен плејмејкер кој носи лидерство, победнички менталитет и врвен преглед на играта.
На Евробаскет 2015 беше најефикасен во нашиот национален тим со 49 поени на пет натпревари, а во богатата кариера настапувал во Македонија, Франција и Романија.
Искусниот македонски бек, Јован Александровски, пристигнува да донесе енергија, борбеност и квалитет на двете страни од теренот.
Досега има настапувано за Работнички, Чаир 2030 и Струмица. Препознатлив е по својата енергија, борбеност и способност да придонесе на двете страни од теренот.










