И дефинитивно Џамал Мусијала ги загрижи сите во Минхен. Тој се струполи на теренот двапати за три дена, а веќе се шпекулира дека би можел да земе подолга пауза за да избегне посериозен здравствен проблем.
Ули Хенес, првиот човек на клубот, во разговор со германските медиуми, истакна дека лично е без зборови. Тој стана сериозен проблем за клубот и ќе му обрнат многу поголемо внимание.
„Вистинска драма е, особено за Џамал“, почна Хенес и продолжи: „Имаше одредени знаци дека има проблем, но тоа никогаш порано не му се случило во клубот. Сега му се случи двапати за неколку дена. Тоа е огромен проблем, особено за Џамал, но и за клубот. “
Баерн знаеше за проблемите на Мусијала. Сепак, она што му се случува никогаш не се случило.
„Одамна имавме информации дека има проблеми. Имаше одредени знаци, но тој тренираше и играше. Не знам дали овие проблеми влијаеле на неговите игри или станува збор за проблем со зглобот. Нашето мислење беше дека неговата нова ера започнува по Светското првенство, со добри предсезони. Потоа ова се случува во првиот натпревар. Шокирани сме.“
Инаку последните информации од Минхен велат дека од раководството на Баерн му ветиле дека во случај да се повлече тие ќе го чекаат колку што е потребно и дека за финансиитте не треба да се грижи/
Ете, така работи голем клуб.










