Куп на Македонија 1/16 финале: Вардар гостува на Овче Поле, Струга ТЛ на Победа Валандово

440

Од страна на Фудбалската Федерација на Македонија денеска беа одредени двојките за стартната рунда во домашното Куп издание за претстојната 2026/27 година.

Во него секако во овие стартни рунди се игра само еден меч, а шампионот Вардар оди на гости кај тимот на Овче Поле.

Струга Трим Лум пак ќе гостува на екипата на Победа Валандово. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во 1/16-финалето и директно ќе настапи во 1/8-финалето.

ПАРОВИ – 1/16-ФИНАЛЕ:

Овче Поле Свети Николе – Вардар

Победа Валандово – Струга Трим Лум

Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930

Могила 2023 – Аресими 1973

БВК Коњари – Башкими 1947

Студеничани – Пелистер

Венец Неготино – АП Брера Струмица

Влазними Јуниор – Македонија ЃП 1932

Вардар Неготино – Работнички

Каменица Саса – Шкупи 1927

Тетекс 1953 – Брегалница 2008

Кожуф Гевгелија – Скопје

Детонит Плачковица – Шкендија 77 Арачиново

Новаци 2005 – Охрид Лихнидос

Осогово – Беласица

Слободен во 1/16-финалето: Силекс

Натпреварите од 1/16-финалето ќе се одиграат на 1 или 2 септември 2026 година. Исклучок се натпреварите Крошу Спорт Битола – Тиквеш и Могила – Аресими, кои ќе се одиграат на 24 септември, поради учеството на селекција од Битола на квалификациите за УЕФА Регионалниот куп во Босна и Херцеговина.

Екипите домаќини ќе можат натпреварите да ги организираат на стадиони кои се одобрени најмалку за одигрување натпревари од Втора МФЛ.

Согласно Пропозициите за Куп натпреварувањето на ФФМ за сезоната 2026/27, до финалето на Купот на Македонија ќе се игра само еден натпревар, односно нема да има реванш-средби. Доколку натпреварот заврши со нерешен резултат по истекот на регуларните 90 минути, веднаш ќе се пристапи кон изведување пенали, сè до добивање победник.

Ждрепката за 1/8-финалето на Купот на Македонија ќе биде извршена согласно Пропозициите за Куп натпреварувањето за сезоната 2026/27.

 

ПретходноКрушево е подготвено за уште еден FIS Rollerski Cup „Тоше Проески“
СледноМакедонската фаланга во Виена на служба на кошаркарите!