Барселона продолжува да бара нов централен напаѓач откако се раздели со ветеранот Роберт Левандовски, а мадридскиот весник „АС“ тврди дека напаѓачот на Бриж, Николо Тресолди, е опција за Ханси Флик.
Каталонските гиганти досега безуспешно се обидуваа со Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, а исто така ја истражуваат и ситуацијата околу капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, со кого миланскиот тим нема намера да се раздели.
21-годишниот германски младински репрезентативец ја помина сезоната 2025/26 во Белгија во дресот на Клуб Бриж, каде што постигна 21 гол во 42 настапи.










