Денеска на програмата се пет мечеви од 2.коло во новата сезоната во ВМФЛ. Секако дека дербито е меѓу Пелистер и Брера, дуел кој од познати причини се игра во Кавадарци а не во Битола и тоа поради теренот во „градот на конзулите“. По сензационалното реми со Камјани на стартот, секако дека Пелистер сака победа, ама Брера е сериозен тим со свои амбиции.
Интересно ќе биде и во Новаци, каде домашниот тим ја пречекува Беласица, додека Шкупи гостува во Гевгелија. Во скопското дерби се среќаваат Еуромилк и Македонија ЃП, а Камјани на свој терен го пречекува Осогово.
Два натпревари се одложени за 24 септември, Детонит – Охрид и Тетекс -Работнички поради настап на У-20 селекцијата на Медитеранските игри,
ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА (16.30 Ч)
Камењане: Камјани – Осогово
Новаци: Новаци – Беласица
Гевгелија: Кожув – Шкупи
Скопје: Еуромилк – Македонија ЃП
Кавадарци: Пелистер – Брера
24.09.2026
Детонит – Охрид
Тетекс – Работнички










