Младите одбојкарки поразени и од Србија

34
фото: Одбојкарска федерација на Македонија (FB)

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија за одбојкарки до 20 години претпре нов пораз на зонските евро-квалификации.

Денеска во мечот за разигрување за пласман од 5. до 8. место Македонија загуби од Србија со 0:3 (13:25, 14:25, 16:25).

Во сите три сета нашите одбојкари имаа одличен старт и се држеа егал до средината на сетот. Во вториот имавме водство од 8:4 и 12:10, но противникот изедначи, а потоа со долга серија и го освои светот.

Следниот противник во разигрувањето за пласман ќе биде познат попладнево, поразениот од мечот меѓу БиХ и Бугарија.

ПретходноМилев: За некого ова ќе биде последно Европско првенство!
СледноСтруга ТЛ денеска претстави уште едно младо засилување кое доаѓа од Швајцарија