Дарко Ѓукиќ е на чекор до Партизан. Ова е информацијата која излезе во медиумите, а ја пренесе и СпортСпорт.
Неофицијално раководството било во преговори со српскиот десен бек, а Ѓукиќ одлично би се вклопил во составот на Раул Гонзалес, кој во новата сезона ќе го предводи Партизан во Лигата на шампиони.
Сепак оваа информација „паѓа во вода“. Од ГРК Охрид негираа дека постои можност Ѓукиќ да замине во Белград. Според македонскиот тим тој ќе остане и во новата сезона, пишува www.mkdhandball.mk.
Ѓукиќ во редовите на Охрид дојде од Вардар, а минатата сезона го езерскиот тим го освоија ЕХФ Европскиот Куп, натпреварување во кое ќе бидат дел и во оваа сезона.
Охрид во рамките на подготовките покажа дека ќе биде уште посилден, двапати го победи актуелниот македонски првак, Вардар во битката за трофеите на струшкиот и охрискиот турнир.










