Иако веќе ги одигра првите минути за својот нов клуб, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска и официјално беше презентиран пред новинарите и навивачите на клубот на специјална прес-конференција. Елмас зборуваше за доаѓањето во Бергамо и за она што го очекува во новата средина.
„Го познавам менаџерот многу добро, како и директорот, го познавам неговиот фудбал, тој веќе многу напредувал бидејќи игра толку многу напаѓачки, со толку многу посед на топката. Затоа ми беше навистина лесно да дојдам тука и според мене со сето ова искуство што го имам, секако се обидувам да го дадам најдоброто од себе за тимот и менаџерот“, изјави Елмас.
Нашиот репрезентативец во Аталанта ќе помине една сезона на позајмица, со можност да остане во тимот со перманентен договор од следната сезона.










