„Лозари“ со порака:Доста со лоши термини! До кога ќе го уништувате фудбалот?!(ФОТО)

334
ФОТО: Лозари ФБ

Вечерва на своите социјални мрежи се огласија фановите на Тиквеш – “Лозари“. Тие имаат големи забелешка на терминот за мечот Тиквеш – Вардар. Да потсетиме дека ФФМ овој меч го закажа за во понеделник од 17 часот на стадионот во Кавадарци. Ова е натпревар од 5.коло на ПМФЛ.

Реакцијата на “Лозари“ ви ја пренесуваме во целост:

Фудбалот е за пред полни трибини, не за лоши термини! Се прашуваме до кога ќе го уништувате фудбалот и до кога ќе си ги гледате само вашите интереси, до кога фудбалот ќе се игра пред празни трибини и до кога ќе се одбираат лоши термини? Секогаш кога станува збор за дерби натпревар термините се во понеделник по ваша желба, но и покрај се нашиот Тиквеш нема да го оставиме сам. Во понеделник 31 август со почеток од 17:00ч нашиот Тиквеш дома ја пречекува екипата на Вардар. Да дадеме максимална поддршка на нашите фудбалери и да му докажеме дека покрај сите пречки клубот нема да биде сам! Собирот започнува од 16:00ч пред источниот влез на градскиот стадион во Кавадарци.

Стоп за лошите термини.

Напред Тиквеш победи за нас

ПретходноЛапорта отворено за драмата со Алварез: Се откажавме, но потоа Атлетико се обиде да го продаде на други тимови
СледноАлкалоид дебитираше со пораз, Партизан ја освои „Автокоманда“