Шампионот на Македонија во Футсал, тимот на КМФ Проект вечерва во Грац (Австрија) стартуваше во прелиминарните квалификации со убедлив пораз.Имено домашниот состав на Грац славеше со 6:0. До крајот на турнирот КМФ Проект ќе одигра уште два меча, и тоа Врхника утре и во сабота против Макаби.
Нашиот тим мечот го започна со Петровски, Мар.Тодоровски, Д,Јанев, Блажевски и Стојанов, а во записникот беа и Стојановски, Соколов, Димитриев, Благоевски, Гавроски, Трајков, Крстевски, Блажевски и Б. Јанев.
Да се надеваме дека на следните два меча КМФ Проект ќе извлече подобар резултат во овие прелиминарни квалификации во ЛШ.Инаку само првопласираниот тим оди во следната фаза.










