Моќен е овој Реал: Мбапе, Мбапе, Мбапе + Вини за “два од два“

230
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Моќен е овој Реал Мадрид. Моќен е тимот на Жозе Мурињо. Вечерва на “Бернабеу“ домашниот состав просто “експлодираше“ со победа над Сосиедад од 4:1. И веднаш да кажеме, Киликан Мбапе одигра стратосферски според зборовите на “Специјалниот“ и со три гола просто го уништи тимот од Баскија.

Мбапе стрелаше во 40., 60,. и 80.минута, додека Винисиус погоди во 68.минута.Голот за гостите беше дело на Сучиќ во 44.минута за 1:1, гол кој само ги разлути “кралевите“.

Со оваа претстава Реал Мадрид испрати моќна порака, пред се до Барселона со која како да сака да каже дека оваа сезона ќе биде негова.

Фантастичен старт на тимот на Жозе, два меча, две победи за “два од два“ со гол разлика 6:2. Од шест половината се на Мбапе.

ПретходноПЛЕЈ – ОФ: Нема ЛШ за Серафимов и Левски, нема ни за Динамо Загреб, ама има за Фенер
СледноПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)