Каква гол-машина!? Малиот Трпески “испука“ хет-трик за 45 минути!!!

305

Продолжуваат неверојатните игри на супер-талентот Лука Трпески со младинските селекции на Црвена Звезда. Нашиот бисер вчера одигра нов меч по кој и медиумите во Србија која е една од најдобрите „фабрики“ за млади таленти, му се восхитуваат на фудбалерот од Македонија а кој има и шведски пасош.

Кадетите на Црвена Звезда играа со врсниците од Графичар во меч на кој машината за голови од Македониоја во свој стил и со мајстории ја полнеше мрежата на протиовникот. Во периодот од 12 до 37 минута тој трипати се запиша во листата на стрелците и беше заменет на полувремето. Ова е втор хет-трик за Трпески кој има вкупно 7 голови во новата сезона. Тој ја доби довербата кај Дејан Станковиќ и беше со првиот тим на подготовки а сега се очекува за брзо време да влезе и во фокусот на новиот тренер Риера.

Трпески во оваа сезона големи надежи гледа во настапите на Црвена Звезда во младинската Лига на шампионите на УЕФА. За оваа генерација на „црвено-белите“ вчета ограа уште Масев и Крстевски.

ПретходноЧуден потег на тренерот на ПСЖ: Енрике го испрати Дембеле на одмор?!
СледноДали е готово: ПСЖ ја намали цената за Баркола, Ливерпул на готовс!