ФИБА Европа посочи – внимавајте на Ненад Димитријевиќ!

188
Фото: ФИБА

Денеска на програмата се првите натпревари од втората претквалификациска рунда за пласман во квалификациите за Европското првенство 2029 година.

Пред почетокот на овие „битки“, ФИБА Европа посочи осум играчи кои треба да се издвојат.

Секако еден од нив е најдобриот македонски кошаркар на денешницата, Ненад Димитријевиќ. Нашиот плејмејкер одговори на повикот и дојде да ја однесе Македонија во квалификациите за ЕП.

Колку е важен за нашиот тим доволно говори и неговата неверојатна партија против Литванија на гостински терен во квалификациите за ЕП 2025 година. Нено постигна 43 поени, да не се повредеше пред самиот крај, Македонија можеше да приреди светско чудо. Тој имаше просек од 26,2 поени во пет одиграни натпревари.

Покрај Нено на теренот се очекува своите лидерски способности да ги покаже и Мозес Рајт, кој треба да дебитира против Австрија на гостински терен, натпревар кој се игра во недела.

Денеска во нашата група силите ќе ги одмерат Кипар и Австрија.

ПретходноФилип Кузмановски стана татко по втор пат – се роди Каја!
СледноПрва победа за македонските одбојкарки на Медитеранските игри