Промоција на новооснованиот клуб – ГФК Победа Прилеп

143

Денеска во Прилеп на посебна прес-конференција беше промовиран новооснованиот клуб – Градски фудбалски клуб Победа – Прилеп (ГФК Победа), клуб создаден со јасна цел – повторно да се изгради силен фудбалски колектив од еден од најфудбалските градови во Македонија.

На прес-конференцијата за нов шеф на стручниот штаб на ГФК Победа беше промовиран Филип Мирчески, добро познато име за прилепската фудбалска јавност. Од управата најавија дека посебно внимание ќе биде посветено на развојот на младите фудбалери. Тони Наумоски ќе биде вклучен во регрутацијата и развојот на младинските категории – пионери и кадети.

Во рамки на клубот ќе бидат вклучени и млади фудбалери од генерациите 2010, 2011 и 2012, кои ќе имаат можност да се натпреваруваат и во иднина да бидат основата на сениорскиот тим.

ГФК Победа својата прва сезона ќе ја започне во Третата македонска фудбалска лига. Првиот официјален тренинг на новоформираниот клуб е вечерва на стадионот со вештачка трева во населбата Типски, каде во почетниот период ќе се одвиваат и тренинзите на екипата.

ПретходноЛШ ЖДРЕПКА: Супер дуели меѓу ПСЖ, Барса и Манчестер Сити, Арсенал против Реал и Баерн
СледноЈаја Туре стана прв африканец кој ќе води тим во главната фаза на Лигата на шампионите