Дали ВАР погреши во Кратово?! (ВИДЕО)

670

Дали Шкендија е оштетена во Кратово? Имено во 35.минута Бесарт Ибраими постигна гол, се чини регуларен, ама судијата Доне Ристовски со своите помошници веднаш покажа дека имало офсајд. Од единствената репетиција на таа ситуација, се виде дека ситуацијата е чиста, дека голот на Ибраими е регуларен. Откако 2-3 минути се разгледуваше целата ситуација, од ВАР собата, на општо изненадување, се пресуди дека сепак имало офсајд, не од стрелецот на голот туку од асистентот Криезиу.

Секако дека оваа ситуација ќе биде тема на дискусија, посебно од Шкендија.

ПретходноПолувреме во Кратово: Мрежите мируваат, ВАР му поништи гол на Ибраими!
СледноСтартува новата сезона во Бундеслигата: Само Баерн Минхен и никој друг…