Итен состанок во Барселона: Куман е веќе „поранешен“, но кој ќе се нафати да седне на негово место?

1004

Барселона денеска ќе одлучува за иднината на Роналд Куман на кормилото на тимот. По вчерашната бламажа која тимот ја доживеа на гостувањето во Лисабон и поразот од Бенфика со 3:0 во второто коло од Лигата на шампионите, раководството на Каталонците за денеска закажа нов итен состанок.

Лапорта и неговите соработници денеска треба да одлучат што понатаму со тимот и како да се излезе од оваа кризна ситуација. Повеќе од јасно е дека Куман е веќе поранешен, со оглед на случувањата на вчерашниот меч. Посебен печат на дебаклот остави замената на Пике уште по само 33 минути игра во првото полувреме, што предизвика лавина напади кон Холанѓанецот, за кого пишувањата на медиумите велат дека дефинитивно го изгубил компасот.

Ако Куман денеска биде разрешен од функцијата, само две имиња и натаму се главни кандидати за негова замена, Чави и Роберто Мартинез, но прашање е дали некој од нив во ваква ситуација би се нафатил да ги вади жешките костени од огнот кој го зафати каталонскиот гигант.

ПретходноМурињо остана без двајца главни играчи за мечот со Зорија во ЛЕ
СледноНикој како Лева: 18 последователни победи во ЛШ и неверојатни 60 гола на 70 натпревари!