Трофејот за Силекс: Најслабото финале – да немаше пенали ќе играа до…. (видео)

1690

Купот и пласман во Европа за тимот на Силекс и тоа по изведување на пеналите со резултат 4:3 Ова беше убедливо најслабото финале во историјата на Купот на Македонија. А. Пандев и Силекс да немаше пенали веројатно ќе играа до утре. Сите 120 минути завршија со резултат 0:0.

Во пенал серијата за А. Пандев погодија Стоилов, Илиев, Маркоски, а утнаа Димоски и Велиновски.

За Силекс пак реализираа Ивановски, Штерев, Тимовски, Карчески, а не погоди Горгиев,

Тоа значи дека Силекс по 24 години го врати пехарот во Кратово.

Финалето започна со мала агресивност на кратовци, кои се обидоа со мал пресинг да го изненадат својот ривал, Но кога видоа дека нема ништо од тоа, се се поставија во една зона со засилен среден ред. Тогаш дојде на ред на струмичани да ја наметнат својата игра, но и тоа беше далеку од некоја посебна иницијатива. Во првите 45.минути видовме само три удари кон противничките голови. Прво се закани Горгиев во 25.минута, но топката отиде над пречката на Јовановски, врати Серафимов на другата страна, но Божиновски немаше проблем да го скроти млакиот удар. Шутираше и Крстовски, но без проблеми за голот на Силекс.

Се на се, многу тактика, игра без ризик во првиот дел.

МАЧЕЊЕ И ВО ПРОДОЛЖЕНИЕТО

Речиси ништо не се смени во продолжението од ова финале. И натаму игра без ризик, малку се “загреа“ мечот по паѓањето на Радески во казнетиот простор на Силекс, но далеку беше тоа за пенал.

И конечно нешто се случи, и тоа во 69.минута, кога Крстовски силно биеше, но покрај голот. Но и ова не беше доволно да се подигне атмосферата. Вистинско мачење.

Навистина, барем до таа 80.минута го гледавме веројатно најслабото по квалитет финале во историјата.

Разбирливо, во преден план беше резултатот, но сепак барем нешто да покажаа, и едните и другите. Во 85.минута нешто се случи. Тантуровски нафрли, а Дурански иако сам, беше кус за да со глава ја затресе мрежата на струмичани.

Врати Радески во 90+1.минута, но малку недостигаше неговиот шут да заврши во голот.

ФИНАЛЕТО ОТИДЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЈА

И тоа беше тоа од тие 90.минути. Финалето оди во продолженија. Ова е второ финале во историјата во кое во 90.минути немало гол.

Шанса за Силекс во 98.минута, но Каракамишев за малку не беше прецизен по шутот со глава. Интересно, првиот офсајд на овој меч беше досуден во 115.минута. И ова кажува како се играло во ова финале.

Финале кое заврши со изведување на пеналите, а таму подобар беше тимот на Силекс.

28.Куп финале на Македонија

А.ПАНДЕВ – СИЛЕКС 0:0 (3:4 П)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: /. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци:/. Ж. Картони: Миловановиќ, Манев, Томовски, Мартинага (А. ПАН), В. Серафимовски, Тантуровски, Тимовски (СИЛ).

А.ПАНДЕВ: Јовановски, Јованов (99. Шаркоски), Манев, Илиев, Стоилов, Миловановиќ (72. Велиновски), Радески, Крстовски (87. Маркоски), Томовски (72. Димоски), Серафимов, Мартинага.

СИЛЕКС: Божиновски, Манасиевски (46. Дурански), Драшковиќ, Каракамишев, Ивановски, Горгиев, В. Серафимовски, Ристов (96. Штерев), Тимовски, Карчески, Тантуровски (113. Ѓорѓевиќ).

ПретходноБенфика со понуда до Диего Коста!
СледноКратовци слават: Силекс го прими пехарот кој го чекаше цели 24 години! (ВИДЕО)